Сите надежи на огромен дел од земјоделците во светиниколско за добра сезаона се уриваат,бидејки до нивните ниви вода од ХС Брегалница не стигнува. Посевите им горат и тие денес го блокираа магистралниот пат Штип Велес.
Освен уништената сезона, долговите им се проблем плус.
А се започна од пред неколку дена,кога, земјоделците добија договори од Водостопанство за добивање на вода. Но, радоста траеше кратко.
Лутината и револтот од денешниот протест е кон раководството на Водостопанство во Кочани .
Во наизглед безизлезната состојба, земјоделците со решение
Ако нема решение, протестите продолжуваат,но не само со блокада на патот.
Од Водостопанство за оваа ситуација,објаснуваат
Интензивно работиме на решавање на проблемот. Тоа значи одстранување на хавариите во каналниот систем.Ова предизвика дисбаланс во водоснабдувањето но и големи загуби на вода. Правиме напори до крајот на оваа недела проблемот да се санира, вели за ТВ Стар,директорот на ад Водостопанство,подружница Кочани, Благојчо Богатинов.
Во меѓувреме, над 3000 хектари во овчеполието се без вода,а егзистенцијата на жителите од 11 села е доведена во прашање.