HomeМакедонијаПари  до плафон. Шокантно големи разлики има во платите. Министерствата се на...

Пари  до плафон. Шокантно големи разлики има во платите. Министерствата се на половина од платите во Агенциите  

Published on

Шокантно големи разлики има во платите  во министерствата од една и агенциите од друга страна, вели последниот Извештај на Државниот завод за ревизија.

Според ревизорите, платите во министерствата се за повеќе од  50% пониски од оние во регулаторните тела  што го разбива митот  дека министерствата  се тие каде  најдобро се живее. Во Агенциите, пари  за плати има , до плафон.

Најниски плати, според ревизорите, се исплаќаат во министерствата, а највисоки во регулароните тела: Комисија за хартии од вредност, Регулаторна комисија за енергетика и Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги.

Според Извештајот, кај државен советник – разликата се движи од 69  па  до 108.000 денари, односно кај министерствата платата на државните советници е за 37% помала во однос на највисоката плата за исто ниво во другите институции.

Кај раководител на сектор – разликата се движи од 67.000  до 125.000 денари во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Кај помошник раководител на сектор – разликата се движи од 59.000 денари во министерствата до 110.000 денари во АВМУ додека  помегу  раководител на одделение – разликата се движи од 53.000 до 100.000 денари. Со ревизијата се опфатени платите и додатоците на плати на административните службеници за период од 2021 до 2023 година во 14 министерства и 22 институции. НАПОМЕНА ВА ЗА ЗАВРШНО

Вакви разлики има и кај  другите  категории вработени  а Ревизијата  утврди дека владее хаос  бидејки во рамките на една институција за исто работно место се исплаќа различен износ . Освен ова, спорна е и исплатата на додатоци за плата каде исто така има огромни разлики.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...