HomeМакедонијаДали добивме или изгубивме? Шест години од  Преспанскиот договор

Дали добивме или изгубивме? Шест години од  Преспанскиот договор

Published on

Пред  точно шест години, во селото Нивици на Преспанското езеро од страната на Грција, беше потпишан  познатиот Договор од Преспа со кој се затвори спорот меѓу Грција и Македонија   за името, по што Република Македонија  стана  Северна Македонија.  Влезе во НАТО, но не и во Европската унија, откако доби вето, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија. 

Дали граѓаните можат точно да кажат Што за нив промени овој договор?

Договорот од Преспа повторно стана актуелен после промена на власта на претседателските и парламентарните избори. Новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова на заклетвата на 12 мај, кога го употреби името Македонија, а со оглед на тоа дека временски се поклопи со периодот кога кај јужниот сосед започнуваше предизборната кампања за европските избори, Договорот од Преспа се актуализираше во Грција и подолг период беше една од главните теми во земјата.

Новите членови на Владата, како и премиерот  Христијан Мицкоски најавија дека  дома нема да го употребува новото име, со што наиде на жестоки реакции од грчка страна. Сепак, Преспанскиот договор е минато  и собирањето поени на него веќе не е исплатливо. Клучна, сега е сферата на економијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...