HomeЕксклузивноОд 35 одлежани, 15 години ми наместија. Човекот со најдолг затворенички стаж...

Од 35 одлежани, 15 години ми наместија. Човекот со најдолг затворенички стаж во државата

Published on

Криминалот мене ме избра за негова жртва во животот. До 13 години очувот ме тепаше безмилосно, а јас давав отпор. Ме однесоа во дом за сираци каде научив се што не треба и тргнав по патот од кој враќање немаше, вели за ТВ Стар Драги Јовановски – ЏИна, човекот кој сега има 74 години, а цели 35 поминал во затворските ќелии.

Во домот за сираци Џина научил да краде, да се тепа и животот да го бара од спротивната страна на законот.

Со суровата вистина и затворска казана тој за прв пат се соочува на 19 години.

По ова, тој заминува на отслужување на воениот рок во Кичево, каде изведува спектакуларна акција.

За ова Џина добива 10 месеци затвор и плус уште 3 за кражба.

Во овој период кога тој се чувствува силен и на законот отпорен сите криминални акции ги организира со неговата девојка. Тие беа Бони и Клајд.

По отслужувањето на оваа каза Џина се обидува да се врати во нормален живот, но неговата репутација на криминалец беше преголема. Него не го сакаше за работа никој.

Обидувајќи се да преживее тој повторно тргнува во криминална офанзива.

Сите овие кражби тој чесно си ги одлежал, но многу тешко му паѓа првата голема неправда спрема него:

Ова него потполно го дезорентира и тој губи секаква верба во животот, правдата и институциите, не знаејќи дека го чека уште една и тоа многу поголема неправда.

Престојот во затворот Идризово е полн со сценарија и тешко гледано од реалниот живот може да се замисли дека таму се случуваат.

Практично, системот од надвор е пренесен и во затворот.

Кои сили таму владеат, кој ги подржува и дали воопшто некој се обидува да стави ред ?

Кога сето ова за Драги Јованов завршува тој ја има најдолгата затвореничка кариера во државата и е речиси 70 години. Одлучува да стави крај на се и од некаде се појавува ,,пријател” и му нуди лесна заработувачка.

Џина, од штипскиот затвор излезе на 9 мај со своите 74 години и затворенички стаж од 35 години. Има ли некој повеќе ваков стаж од него.

Во моментов, тој е сместен во комплексот Мирјанина црква каде преживува на сите можни начини , но многу тешко и бара помош од институциите. Знае дека грешел, но и дека неправдите кон него се здружиле уште кога памети за себе и со првиот ќотек од очувот.

И да, тој сеуште е во контакт со неговата партнерка. Се слушаат и посетуваат. Никогаш двајцата не се изневерија во ништо.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...