Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се кандидатите за потпретседатели на Собранието на Република Северна Македонија кои денеска ги утврди Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На денешната седница, со еден глас против, Комисијата го донесе и решението за добивање на апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.