Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) денеска во Велес потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на здравствените работници (НСЗР) при Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).
Потпис на овој договор за соработка го ставија претседателот на НСЗР, Боби Бојчевски, претседателката на ЗПЛ, Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.
„Ќе продолжиме да работиме на тоа да се надминат проблемите во здравството. Здравјето на луѓето нема цена. Какво е здравството во една земја, многу зборува за тоа за каква држава всушност станува збор“, подвлече Бојчевски.
За Лилија Чолаковска Дервишова, овој меморандум е значаен од следните причини.
Со овој меморандум, двете страни се согласија да настапуваат единствено, бидејќи како што беше нагласено, заедно се посилни.