230 илјади евра до септември ќе добие Карбинци од проектот 1198.
Првите пари ќе бидат за изградба на улица во Таринци
Освен овие 230 илјади евра,за Карбинци од истиот проект,се предвидени дополнителни 220 илјади евра кои ќе бидат инвестирани во проекти за кои општината ќе аплицира до Владата.
Проектот 1198 ги опфаќа сите општини во државата,освен градот Скопје, и тој за развој на општините предвидува 250 милиони евра.