Инсекти во бурек се сервирани на дете кое го купило во позната штипска бурекџилница. Фотографиите доставени до нашата телевизија го потврдуваат тоа сугерирајќи на заклучокот дека во малопродажните дукани за храна заедно со купеното може да има и додатоци со опасна содржина. Внимание по секоја цена, особено во овие летни температури е задолжително.