Од оваа напуштена куќа на улицата Тодор Чучков во центарот на Штип, неодамна соседите убиле змија од видот смок, долга над еден метар. Змијата, како што тврдат тие излегла од дворот на куќата и влегла кај соседите.
Какво решение е потребно за надминување на овој проблем
Општинскиот комунален инспектор ја објаснува процедурата како да се постапи во ваков случај
Проблемот со напуштените куќи во Штип е се поизразен, дополни Везенков,особено во централното градско подрачје.
Во меѓувреме, стравот кај нашите соговорници од улицата Тодор Чучков е евидентен. Како што велат, нема да се изненадат доколку и во наредните денови повторно се соочат со змии или големи стаорци, во нивните дворови. Сепак оние кои живеат тука во овој дел на централното градско подрачје познат како Тузлија,единствен спас гледаат во најавата дека куќата е ставена на продажба.