HomeЕксклузивноЗа прв пат по повеќе години, карбинчани го немаат проблемот со редовноста...

За прв пат по повеќе години, карбинчани го немаат проблемот со редовноста во водоснабдувањето

Published on

За прв пат по повеќе години жителите од општина Карбинци, особено од неколку села во услови на актуелните тропски температури немаат проблем во редовното водоснабдување. Ова го потврдуваат и од тамошното јавно претпријатие.

Градоначалникот Виктор Паунов причината за ова ја фокусира на позитивниот ефект од новоизградениот резервоар за вода кај с. Таринци, но и други сегменти.

И покрај видното подобрување во водоснабдувањето, од тамошното Јавно комунално претпријатие Плачковица апелираат.

Во изминатиот период за подобрување на водоснабдувањето, се изгради нов  резервоар за вода во близина на село Таринци,а буквално, како што, вели градоначалникот Паунов, прашање е на време кога Филтер станицата и официјално ќе биде ставена во функција. Со нејзе, 1400 граѓани од осум населени места ќе немаат проблем со редовноста во водоснабдувањето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...

На социјалните мрежи во тек е голема кампања за трговија и заработка преку криптовалути. Измама е предупредуваат од полицијата

На социјалните мрежи се спроведува масовна кампања за наводно голема заработка преку инвестирање во...