Организацијата на работодавачи подготвува Алатка за процена на ризик – насилство и вознемирување, нарачана од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и е изготвена од меѓународниот експерт за безбедност и здравје при работа Нина Хедегард Нилсен и од националниот експерт за БЗР, Милан Петковски.
(Нашата Алатка за процена на ризик – насилство и вознемирување треба да им помогне на газдите, управителите, на синдикалците и на работниците, да ги превенираат проблематичните моменти, вели Ангел Димитров од ОРМ)
Ова прашање е клучно бидејки кај нас се оди споро а оштетените се соочуваат со сложени процедури за докажување на насилството кое паралелно е и економски исцрпувачки.
Алатката треба да им помогне на газдите, управителите, на синдикалците и на работниците, без разлика на големината на компанијата, да направат процена на ризик со помош на стручни лица. Има разни случаи на насилство и тука се вклучени и газдите и нивните работници. Времето е такво, се менува структурата на вработените, се продлабочува старосниот јаз меѓу колегите, се повишува тонот… – објаснува за „Слободен печат“ Ангел Димитров од ОРМ.
Освен во компаниите, ист вид на насилство владее и во јавниот сектор. И таму има заседнати шефови и недопирливи раководители кои полоѓбата ја искористуваат брутално.
Среќа во несрека е што по секои избори има промени на раководните места па насилниците или долго не се задржуваат или
немаат време да покажат сила, особено во реорганизирањето кое го спроведуваат, објаснуваат постари вработени.
Се пријавуваат и случаи во текот на патувањето до и од работа, за време на службени патувања, обуки, настани и социјални активности, и преку комуникации поврзани со работата.