Претседателите на општинските организации на СДСМ ќе се избираат преку внатрепартиски избори, истакна кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче.
Со воведување внатрешни избори за позициите на претседатели на општински организации, ќе ја зголемиме довербата меѓу членовите и граѓаните, ќе ги избереме најдобрите кадри со најголема поддршка, ќе обезбедиме и ќе ја вратиме довербата на јавноста во нашата партија. Новото раководство на партијата ќе дефинира јасни насоки и правила за внатрешниот изборен процес, обезбедувајќи транспарентност и правичност, стои во програмата на Венко Филипче.
Филипче, вчера ја започна својата кампања од Струга и Охрид каде и ја презентираше својата програма.
Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање. Довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери, рече Филипче.