Ова, на компаниите што работат во Македонија им донело чиста добивка од големи 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.
Компаниите кои се занимаваат со обложување и игри на среќа имаат дури 7.745 вработени, и се сериозен полнач на државната каса што со придонеси, што со даноци.
Според приходите на овие друштва, може да се види каде најмногу оделе и оставале пари нашите граѓани. На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ а ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е со 400.000 евра добивка.
На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Тоа собрало 90,1 милион евра
Третото место по приход му припаѓа на „Спорт лајф трејд“. Собраниот приход е 85,1 милин евра, а добивката е 4 милиони евра.