По 40 години, летово ќе се изврши темелна реконструкција на улиците во штипската населба Леваци, најави градоначалникот Иван Јорданов.
Во меѓувреме, течат активностите за партерно уредување пред зградите во населбата.
Граѓаните кои живеат тука, задоволни од потегот на општинските власти.
Вакви градежни активности предвидени се и во останатите градски населби, дополни Јорданов.