За средношколците од денеска заврши оваа учебна година.Основците ќе учат уште една недела.
Во меѓувреме за полуматурантите претстои упис средните училишта. Првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.
Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура. Резултатите согласно најавата од Државниот испитен центар се очекуваат најдоцна до 8 јули.