За неколку комунални проблеми, штипјани бараат брзо решение. Нивните реакции се однесуваат на следното
Во населбата Горна Железничка проблем се искршени канализациони шахти пораи кои системот е нефункционален, а се шити и лоша миризба.
Кога овој проблем општината планира да го реши?
Речено сторено, ветеното е исполнето, граѓаните благодарни.
Жителите на улицата Широк Дол бараат потпорен зид, поточно кај бројот 25, за да се спречи евентуално свлекување на земјиштето под улицата што е во тек на реконструкција. Велат доддека траат градежните работи, најдобра прилика е ѕидот да биде изграден
Слично барање имаат и жителите од населбата Сењак 4, поточно станарите на таканаречените шарени згради во Штип. На нив им се потребни скали кои ќе им го скратат патот до најблискиот супер макркет
Проблем за граѓаните кои реагираат во нашата емисија Песна или Проблем еи фонтаната до седиштето на Здружението на пензионери. Се бара или да биде вон функција или да се исклучи.