HomeЕксклузивноВладата на Македонија ќе има  20 министерства. Во гласањето ноќеска  се вклучи...

Владата на Македонија ќе има  20 министерства. Во гласањето ноќеска  се вклучи и  Европскиот фронт .СДСМ и Левица, против

Published on

Maкедонија отсега ќе има 20 наместо 16 министерства. Предлагач на ваквите измени беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а предлогот нокеска беше прифатен од 88 пратеника во Законодавниот дом.Со усвоените законски измени, кои поминаа со помош на Европскиот фронт, вака изгледа листата на министерства:

1. Министерство за одбрана;

2. Министерство за внатрешни работи;

3. Министерство за правда;

4. Министерство за односи меѓу заедниците;

5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија;

6. Министерство за европски прашања;

7. Министерство за финансии;

8. Министерство за економија и труд;

9. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини;

10. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

11. Министерство за здравство;

12. Министерство за образование и наука;

13. Министерство за социјална политика, демографија и млади;

14. Министерство за локална самоуправа;

15. Министерство за култура и туризам;

16. Министерство за дигитална трансформација;

17. Министерство за јавна администрација;

18. Министерство за транспорт;

19. Министерство за животна средина и просторно планирање и

20. Министерство за спорт.

Зошто се потребни овие измени, вчера  на собраниската говорница објасни  предлагачот Христијан Мицкоски кој малку подоцна се соочи со  противење на неговиот предлог ,но, и услов од Левица  за поддршка во замена за Закон за една изборна единица.

Освен ова, како клучни аргументи за измените се наведуваат и следните.

Постојат нејаснотии при самата распределба на надлежности помеѓу министерствата, односно не постои јасна линија каде завршуваат ингеренциите на едно а каде започнуваат на друго министерство.

Втора причина е што, самата алокација на функции и нивното групирање во одредени органи не е рационално, односно постојат случаи каде повеќе несродни области се алоцирани во една институција.

И трето, како дополнителен предизвик се јавува тоа што области кои во моментот се стратешки приоритети на државата, претставуваат клучни предизвици или се во фокусот на светската јавност не се соодветно пресликани во институционалната рамка на државата, туку се организациски единици во рамки на одредени министерства“, пишува во Законот кој веќе доби двотретинска поддршка во Собранието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...