Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предаде мандатот за формирање на Влада на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
По превземањето на мандарот Христијан Мицкоски најави брзо составување на Владата.
Мицкоски уште еднаш напомена дека ќе се зафати за решавање на проблемите во здравството, образованието, правдата и корупцијата.
Рокот за формирање на новата Влада е до 25 јуни, но според извори од партијата се очекува Владата да биде формирана за три до четири дена.