Се повеќе штипјани го користат градскиот јавен сообраќај кој го организира ЈП Стипион, 9 месеци откако во промет ги пушти 8те автобуси бројот на патници перманентно се зголемува.
За овие 9 месеци возниот ред неколку пати беше менуван во координација со потребите на граѓаните.
Наскоро, односно по завршување на учебната година возниот ред повторно ќе претрпи делумни промени.
Неполна година откако автобусите за јавен превоз се појавија на штипските улици реакциите на граѓаните се позитивни.
Во периодот што следи ЈП Стипион ќе го зголемува возниот парк, а на сите можни начини ќе ги подобрува условите за користење на јавниот превоз.