Согласно најавите, денеска Венко Филипче,Славјанка Петровска и Јован Деспотовски ги поднесоа кандидатурите за претседател на СДСМ.
Обединување на членството, дискусии и дебати за сите политички збиднувања во земјата како и анализа на причините за поразите кои ги доживеа СДСМ е мотивот на Славјанка Петровска да биде иден партиски лидер.
СДСМ има потреба од нов почеток, истакна Јован Деспоротовски, веднаш по поднесувањето на неговата кандидатура за претседател на партијата.
Конечниот исход, членовите на СДСМ ќе го кажат на 30 овој месец, кога и се очекува изборот за нов партиски лидер.