HomeМакедонијаМицкоски ќе го добие мандатот ден порано, најави Сиљановска Давкова. Од партијата...

Мицкоски ќе го добие мандатот ден порано, најави Сиљановска Давкова. Од партијата очекуваат формирање на влада за неколку дена

Published on

На ден пред истекот на крајниот рок се очекува претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова да му го додели мандатот за формирање на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, изјави вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање.

Рокот за доставување на мандатот завршува в петок, на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање на владата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата ќе биде формирана согласно уставните рокови, а од коалицијата „Вреди“, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара, очекуваат за три до четири дена да има конечен договор.

Во меѓувреме, течат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ за формирање на новата влада.

Доколку Сиљановска Давкова утре го додели мандатот, рокот од 20 дена за формирање Влада истекува на 25 јуни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...