HomeМакедонија29 пратеници  побараа  и добија апанажа. Месечно за седење дома ке добиваат...

29 пратеници  побараа  и добија апанажа. Месечно за седење дома ке добиваат по 2.000 евра

Published on

29 пратеници побараа и од  Комисијата за избор и именување добија одобрување  за користење апнажа.

Според Законот, право на апанажа три месеци, има пратеник кој ја вршел функцијата до шест месеци а на апанажа до шест месеци има право само пратеник кој ја вршел функцијата до 12 месеци. Доколку лицето било пратеник 24 месеци или повеќе, тогаш поранешниот пратеник има право да зема надоместок 12 месеци.

Спротивно, правото на апанажа може да престане доколку поранешниот пратеник стекне право на пензија, кога тој ќе побара, кога ќе се вработи и ќе биде избран или именуван на друга функција врз основа на која остварува плата. Ова право може да престане доколку лицата се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.

Комисијата за избори и именувања им ги одобри барањата за апанажа на 29 експратеници, меѓу кои најголемиот дел се од сега опозициската СДСМ, па од ДУИ, но и од експратеници кои делувале како независни. Барање за апанажа им е одобрено и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги напуштија собраниските клупи.

Иако во прашање е  законско право, од Левица реагираат на него тврдејки дека на овој начин се злоупотребува државата и од овој бенефит треба да се укине.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...