Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Мојата цел во следните четири години е да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме СДСМ на ниво кое го заслужува, повика вчера низ ФБ статус Венко Филипче најавувајки ја својата кандидатура за претстедател на СДСМ.
Иако станува збор за добро позната личност во јавниот живот , пред се како министер за здравство , Венко Филипче со себе носи и богат професионален багаж како успешен лекар специалист. Но, еве ги основните детали за човекот кој се понуди од песок да го извлекува насиканиот брод на СДСМ.
Филипче е роден на 13.6.1977 година, во Скопје. Оженет е и е татко на еден син.
Средно образование завршил во Скопје 1995 година а со високо образование се стекнал на Медицинскиот факулте во Скопје каде дипломирал 2001 година, со просечен успех 9,65. Во 2008 година ја завршил специјализацијата по неврохирургија. Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.
Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.
Во 2012 година завршил fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.
Освен здравството, предизвик за Филипче е и политиката со предзнак лево, односно социјалдемократската идеологија пронаогајки се во СДСМ каде почетпкот му беше советник на премиерот Зоран Заев а подоцна тој му ја додели и министерската функција.
Во 2017 е избран за доцент на Медицинскиот факултет во Скопје а сега е и актуелен секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.
На неодамнешните избори тој ја предводеше кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 4.