Многу солзи пролеав од 26 февруари минатата година. Тогаш во кочанката болница ноншалантно, без професионална одговорност, лекарска етика и хуманост ми го убија сопругот Кирчо Митовски, вели неговата сопруга Сузана Митевска.
Сузана на располагање ја има целата медицинска историја на сопругот и тврди дека кај него дијагнозата била едно, а во Кочани го лечеле со друга терапија.
Каде всушност во старт според Сузана згрешиле докторите.
Кирчо Митевски во кочанската болница бил 12 дена кој биле клучен период тој да го изгуби животот.
Одкако состојбата се влошила тој бил вратен во КБ Штип, но по два дена починал. Со смртта на својот сопруг на овој начин таа не се согласува и затоа најавува:
Телевизија Стар стапи и во контакт со раководството на болницата од Кочани, од каде велат:
Постапивме крајно професионално и етички во случајот со пациентот Кирчо Митевски. Лекувањето беше според протоколот, а лекарите го почитуваа што неколкуте инспекции и го потврдија истото, изјави директорката Душанка Трпевска.