HomeМакедонијаЗаминуваат масовно. Славјанка Петровска, Љупчо Николовски и Благој Бочварски повеќе не се...

Заминуваат масовно. Славјанка Петровска, Љупчо Николовски и Благој Бочварски повеќе не се министри

Published on

Досегашните министри за одбрана, земјоделство и транспорт и врски, Славјанка Петровска, Љупчо Николовски и Благој Бочварски со верификациите на нивните пратенички мандати повеќе не се министри.

До изборот на нов министер, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага, стои во соопштение од министерството за одбрана

Идентично соопштение следеше и од Министерството за земјоделство. До избор на нов министер, ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.

Од Министерството за транспорт и врски со идентична потврда

По верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, се до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи… стои во соопштението од Министерството за земјоделство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...