Од денес тече рокот за поднесување на пријави на кандидатите за претседател на СДСМ.Се отвора ли од денес Пандорината кутија или партијата од денешниот ден ќе започне да плови кон мирно.
Причини за вака поставената дилема има многу,бидејки вообичаено е по секој изборен пораз да има виновници но и претденденти за сепак престижната позиција, претседател.
До овој момент кандидатските имиња сеуште се неизвесни иако некои како Славјанка Петровска, Стефан Богоев и Јован Деспотовски јавно потенцираа дека се заинтересирани за позицијата.
Во меѓувреме во јавноста се шпекулира со Венко Филипче,Петре Шилегов и некои други,но,по ова прашање тие се немаат изјаснето.
За поголем дел од споменатите се вели дека нивната кандидатура е тактична и бараат можност за подобра позиција во новото раководство.Ова би можело да значи дека некој е фаворит во сенка ,но, дека тој сеуште не се открива.
Од друга страна, аналитичари кои добро ја познаваат состојбата во некогаш моќната партија велат дека на СДСМ му е потребен следниот профил на претседател.
Ново раководоство и иден претседател, СДСМ ќе избира на 30 јуни по што и ќе се знае во која насока и со кој профил на претседател СДСМ ќе продолжи.