HomeМакедонијаИдната недела Сиљановска-Давкова ќе го додели мандатот за новата Влада

Идната недела Сиљановска-Давкова ќе го додели мандатот за новата Влада

Published on

Идната недела претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го додели мандатот за состав на новата Влада, информираа денеска од нејзиниот кабинет.

Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата, на партијата, односно на партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната Влада истекува на 7 јуни годинава. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот треба до Собранието да го достави составот на идната Влада, како и нејзината програма.

Собранието, пак ја избира Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во распределбата на министерските позиции, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како победничка на парламентарните избори, добива најмногу – 13 ресори, а останатите одат кај коалиционите партнери.Вкупно се предвидуваат 24 нинистерства.

Главното место ќе биде за идниот премиерМиуцкоски, а во други 20 фотељи ќе седнат нопвите министри плус три кои ќе бидат без ресор.Што граѓаните очекуваат од новата сеуште не формирана Влада

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...