HomeМакедонијаНаталитетот и понатаму во слободен пад. За три месеци се родиле 3.632...

Наталитетот и понатаму во слободен пад. За три месеци се родиле 3.632 деца

Published on

Наталитетот и понатаму е во надолна линија, покажуваат статистичките податоци. Во првото тримесечје од 2024 година живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 отсто.

Најмногу новроденчиња има во Скопје, и тоа 1.132 од вкупно 3.632 новороденчиња. По Скопје е Куманово со 217 новороденчиња, потем  следува Тетово со 188 новородени деца во првото тромесечие, соопштуваат од Државниот завод за статистика

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5.199 лица, а од нив 8 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно -1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. За сметка на ова има пораст на склучените бракови.

Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2.488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 отсто во споредба со истиот период од 2023 година.

Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...