Освоените четири златни трофеи на штипскиот боксерски клуб Пинк Пантер на меморијалниот турнир “Јордан Мијалков” “, денес повод за прием кај градоначалникот Иван Јорданов.
Јорданов изрази задоволство од постигнатиот успех на боксерите, со најава дека општината дава и ќе даде безрезервна подршка не само на овој ,но и на останатите спортски клубови кои достојно го афирмираат штипскиот спорт.
Инаку,селекторот и тренерот на “Пинк Пантер”,Петре Чурлиновски доби признание од боксерската федерација на Македонија и плакета за “животно дело”.