Во јуни и официјално во функција ќе се стави Филтер станицата во општина Карбинци, најави денеска градоначалникот Виктор Паунов.
Новиот резервоар за вода во близина на Таринци, на три села ја решава редовноста во водонабсдувањето,особено во летниот период.
Паунов најави и жешка градежна офанзива. Прва на листата е детската градинка Кокичиња.
Во меѓувреме, подолг е списокот за градба на улици во повеќе населени места.
За прв пат, најави Паунов, во подплачковичките села ќе се рехабилитираат улици. Кучица е прва на листата.