HomeМакедонијаЗа преживување во мај се потребни 60.090 денари, пресмета синдикатот

За преживување во мај се потребни 60.090 денари, пресмета синдикатот

Published on

60.090 денари или 1.000 евра е минималната сума за четири члено семејство да го преживее мај, пресмета синдикатот.

Според синдикатот, повеќе од една третина од овие пари, односно 21.689 денари одат за храна, а висината на останатите трошоци изгледа вака, во неа освен за храна најмногу пари одат за: станарина, вода, ел енергија и греење 6. 014 денари, облека и обувки 4.928, трошоци за образование 7.000. Најмалку пари според оваа пресметка се потребни за здравје 1.040 денари.

Минималната плата изнесува 23.200 денари  што значи дека две минимални плати не го решаваат ни приближно проблемот. За кошничката да биде на минумум потребна е една минимална и една просечна плата која изнесува речиси 40.000 денари.

Клучен момент за стандардот да се подобри не е само зголемувањето на минималната плата, туку и намалување на цените за храна, но и на другите продукти. Неодамна гувернерката на НБРМ Анита Бежовска Ангеловска изјави:

Рамка: Од пандемијата наваму цената на храната во Македонија остана двојно повисока, без индиции дека наскоро ќе се намали. За разлика од нас во Европските земји од двојно таа се намали на максимални 18%, истакна гувернерката Бежовска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...