Полицијата е во потрага по возачот кој возеше во спротивен правец и внесе паника на автопатот Скопје – Штип.
Снимката која беше доставена до ТВ Стар и која беше емитувана во јавноста предизвика огромно внимание, но и негативни реакции поради ризикот кој беше очигледно голем.
Полицијата веднаш ги превзеде сите мерки за пронаоѓање на лицето кое особено ризично го згрози сообраќајот и животот на сите учесници во него на автопатот Скопје – Штип, потврдуваат од СВР Штип за ТВ Стар.
Брзата реакција на полицијата е очекувана поготово што не е прв пат на овој автопат да се случуваат вакви инциденти.
Прашањето за полицијата, но и јавноста е, дали станува збор за сообраќаен превид или пак дрска намера со несогледливи последици.
Бараме идентификација на лицето за што ги молиме сите граѓани да помогнат, апелираат од полицијата.
Возењето во спротивен правец е ризик број еден, но не помал е и оној кога се вози со енормно голема брзина на места каде тоа е практично неможно.
Пример за ова е експресниот пат Штип – Кочани каде секојдневно се вози со брзина која не ветува ништо добро. Последен пат овде возило излета од коловозот, а за неполни две години овој експресен пат нанижа 6 жртви.
Не помалку ризично е и на експресниот пат Штип – Радовиш пред десетина дена едно лице исто така го загуби животот. Претходно своите животи на оваа делница ги загубија уште неколку лица.
Апелот од полицијата е почитување на пропишаната брзина и сите останати сообраќајни правила на патиштата.