HomeМакедонијаСтрумичанки направиле хаос на кочанскиот пазар. Беровчанец пронашол бомба, а таринчанец ја...

Струмичанки направиле хаос на кочанскиот пазар. Беровчанец пронашол бомба, а таринчанец ја тепал бившата сопруга

Published on

Струмичанки направиле хаос на Градскиот пазар во Кочани. Најпрвин по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(19) и малолетничка, од една страна и Б.С.(23) и С.С.(26) од друга страна, сите од с.Баница, струмичко.

Подоцна на истото место но во различно време пријавено е дека  бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од малолетничка од с.Баница, струмичко, над М.С.(66) од Кочани. Во двата случаи интервенирала полицијата и спречила поголеми инциденти и последици.

Во Виница исто така имало женска тепачка каде сила размениле, а   М.Р.(31) пријавила дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, физички и со тврд предмет била нападната од А.Д. двете од Виница.

Во Будинарци, беровско се тепале  Б.П.(49) и Г.П.(49), двајцата од истото село.

Во  Свети Николе полицијаата го лишила од слобода А.Н.(53) од с.Таринци, општина Карбинци,  поради тоа што во угостителски објект физички ја нападнал и со остар предмети се заканил на неговата поранешна сопруга.

Кулминација на вчерашниот ден е 80 годишен старец со иницијали И.Б  кој пријавил дека во стар објект – воденица во негова сопственост во с.Владимирово пронашол рачна бомба . Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека се работи за рачна бомба со потекло од Првата светска војна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...