Лидл Македонија ќе примени нова и поефикасна стратегија за маркетиншко промовирање и извоз на традиоионални македонски производи во Србија и Бугарија
„Лидл“ ќе помогне во извозот на македонските брендови, промоција на македонскиот ајвар, вино и пастрмајлии во Србија и Бугарија. Во мегувреме, македонското овошје и зеленчук веќе се достапни за потрошувачите во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија.
Во оваа насока, над 130 македонски компании имале средба со германскиот трговски синџир Лидл за можностите за соработка во однос на изградбата на логистичко-дистрибутивен центар во Куманово стои соопштението за медиумите
Основната идеја на Лидл е во секоја земја во која работи да обезбеди развој на локални производствени капацитети и заеднички раст и развој со локални партнери. Иако Лидл Македонија се уште не е целосно оперативен,процесот веќе функционира, велат од компанијата.
Како пример кој се наведува е дека лани во октомври компанијата започна проект за промоција на македонски традиционални производи, како што се ајвар, пастрмајлија, ориз одгледуван во Кочани, вино од винаријата Тиквеш, јагнешко месо и слично во Лидл Србија и Лидл Бугарија.
Извозот што ќе се реализира преку Лидл Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји ќе изнесува повеќе од 2 милиони евра или четири пати повеќе во споредба со претходната година , велат од Лидл Македнија.
Лидл во Македонијa има големи амбиции исто какви што се и очекувањата дека ќе понуди цени кои ќе бидат далеку поприфатливи од оние кои сега ги нудат посточеките малопродажни синџири. Во прашање е бизнис од 1 милијарда евра годишно кои сега го делат големите играчи .