HomeМакедонија366 илјади евра патни трошоци им се исплатени на пратениците за една...

366 илјади евра патни трошоци им се исплатени на пратениците за една година

Published on

366 илјади евра патни трошоци им се исплатени на пратениците за една година. Право на овие трошоци имаат пратениците кои живеат во внатрешноста од државата, а кои беа дел од составот на досегашниот парламент.

Стенд ап: Голем број пратеници по основ патни трошоци месечно добивале и по 1.000 евра надоместок, што ако се додаде на пратеничката плата која сега е околу 100.000 денари, значи дека тие доаѓале до многу добри 2 ипол илјади евра месецчо.

Најмногу пари за гориво и патарини лани биле исплатени на Јадранка Поцкова, пратеничка од Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Таа добила 751.777 денари или 12.200 евра, што значи месечно на платата што ја добивала, на сметката ѝ легнувале уште дополнителни 1.000 евра. На пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов од Струмица, лани на сметката му легнале 708.016 денари или 11.512 евра, додека пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од Струмица за гориво и патарини добила 696.712 денари или 11.328 евра. Пратеникот од СДСМ, пак, Миле Талевски од Прилеп за патни трошоци зел 10.637 евра, а Драгица Ѓавочанова од СДСМ, од Прилеп – 9.663 евра.

Година претходно на Поцкова за патни трошоци ѝ биле исплатени над 14.000 евра, што е највисока сума од сите пратеници. Високо котира и Жаклина Лазаревска од СДСМ, од Струмица, на која ѝ биле исплатени 13.500 евра, додека Мирче Аџиоски од Струга, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зел 14.400 евра.

Патните трошоци како енормно висока ставка секогаш се болна тема за граѓаните, а на дневен ред ги ставаат и некои политички партии кои веќе долго повикуваат нив да ги нема.

Од своја страна за рационален парламент веќе долго зборуваат и од ВМРО – ДПМНЕ, а нивната цел е наместо 120 парламентот да се сведе на 90 пратеници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...