Претстои средба на најавените работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за владина коалиција, потврдуваат неофицијално од двете страни. Првичните најави велат дека тоа се групи чиј состав ќе се менува во зависност од темата на разговите. Претежно,како што дознава ТВ Стар од партиски извори, групите ќе бидат составени од потпретседатели и генералните секретари на партиите.
Разговорите ќе бидат во насока на програмски цели на партиите, засновани на: забрзан економски развој ,евроинтеграции и борба против криминалот и корупцијата. Ова меѓудругото, беше утврдено на првичната лидерска средба на Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами, веднаш по завршувањето на Парламентарните избори.