Штип има милионска бизнис елита,се вели во анализата на порталот Фактор. Прв на листата од десетте рангирани компании е Техникал текстајл со добивка од 6,5 мил. евра за 2023 година. Веднаш по него следи малопродажниот трговски ланец „Кит-Го“, кој од пред две години има нов сопственик во „Вива Фреш“ со 4,4 мил евра.
На третото место огромен скок прави компанијата за производство на електрична енергија КТМ Енерџи Солушн, која работи само две години, но за брзо време се вивна во водечката тројка. Компанијата во сопственост на Трајче Димитров, Марјан Јовчевски и Кристијан Колев од 250.000 евра добивка во 2022 направи скок на заработка од 2,4 милиони евра во 2023. Приходите се зголемени повеќе од петкратно, стои во анализата на Фактор.
На 4.позиција е фабриката за метални конструкции „Актива“, која од оваа година покажа амбиции да го преземе производството на автобуси од Ван Хоол со 2,1 мил евра.
Во првите 5 е и Езимит Вино, чија основна дејност е наплата на рента од недвижнини. во сопственост на Вито и Дебора Митровски, наследниците на Зоранчо Митровски, основачот на Езимит вино со добивка од 2,1 мил евра но за 50 илјади помалку од Актива Ван Хол.
Над еден милион евра добивка имаат и ЕАМ, текстилната компанија за плетена облека, и Оаза Екстра-Скопско, дистрибутерот на големо на пијалоци. Понатаму следуваат Нико 2002, трговецот на големо со текстил и трикотажа, и кондиторскиот производител Стел Импекс.