HomeМакедонијаЗлетовица “исчезна”  кај селото Жиганци. Сите се на нозе

Злетовица “исчезна”  кај селото Жиганци. Сите се на нозе

Published on

Злетовица исчезна кај селото Жиганци. Алармот први го вклучија риболовците кои посочуваат на голем проблем, за флората и фауната.

Со години на ред, во овој период од АД Водостопанство Кочани, водата во Злетовица ја соприраат,а со тоа во прашање го доведуваат биолошкиот минимум за животна егзистенција на рибниот фонд, кој токму во овој период му е време за мрестење и истиот се прекинува, информираат од Спортско риболовното друштво Злетовица од Пробиштип

Од АД Водостопанство за овој проблем објаснуваат.

Потребните 30% биолошки минимум на Злетовица се обезбедени и со тоа во прашање не е доведена егзистенцијата на рибниот фонд во овој дел од водотекот на Злетовица, објасни директорот на АД Водостопанство Кочани Благој Богатинов за ТВ Стар.

Пробиштипските риболовци, кои од лани се и концесионери за стопанисување со  рибниот фонд не попуштаат. Тврдат, на институционален начин ќе бараат Водостопанство да не ја секнува водата во Злетовица во овој период.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...