ДУИ се подготвуваат за опструкции кон идната Влада на ВМРО – ДПМНЕ, напиша во фејсбук статус пратеникот Драган Ковачки.
Се залажувале дека во овој меѓупериод на избор на новата Влада, делегитимираното раководство на чело со Славјанка Петровска ќе ја сменеле систематизацијата и ќе поставувале свои партиски кадри на раководни позиции, стои во Фејсбук статусот на Ковачки.
Одтука Ковачки и порачува на досегашната министерка за Внатрешни работи Славјанка Петровска:
1. Славјанка, не ги горете луѓето непотребно, секако твоите решенија во овој период се ништовни. Ќе поништиме се’ уште првиот ден после изборот на Влада.
2. Државниот секретар кој го терате да Ви спроведува нелегитимни решенија, да си го земете таму од каде и го донесовте. За месец дена од денеска за него место во МО ќе нема.
3. Сите раководители кои се принудени да спроведуваат нелегитимни наредби на Славјанка Петровска и нејзиниот државен секретар, истите да не ги спроведуваат!
Одважете се и бидете достојни на функциите кои ги вршите. Биде професионални, а не послушници на полтроните на ДУИ.
Готово е, неспособните заминуваат и никогаш повеќе нема да се вратат!, напиша Ковачки.