HomeМакедонијаКабинет на Силјановска Давкова: Претседателката има право на “ само” Македонија

Кабинет на Силјановска Давкова: Претседателката има право на “ само” Македонија

Published on

Вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Силјановска Давкова и заклетвата која помина без Северна, предизивика огромен број реакции во државата и надвор од неа. Ова беше повод и за реакција од Кабинетот на Давкова.

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Понатаму во Соопштението стои

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се наведува во соопштението од кабинетот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата тактизира, синдикатот упорен. Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема.

Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема, иако некои изјави...

ЦЈЗ Штип: Набавени дополнителни 600 дози на вакцини против сезонскиот грип.

Штипскиот Центар за јавно здравје набави дополнителни 600 дози вакцини против сезонскиот грип. Постојните...

Индиски и непалски ориз “глумат” кочански на пазарот.Трговците го препакуваат и го злоупотребуваат домашниот бренд.

Индиски и непалски ориз се продава на пазарот како кочански се слушна на вчерашната...