HomeЕксклузивноТасим Мандак, човекот кој 40 години е Крал на ќебапите

Тасим Мандак, човекот кој 40 години е Крал на ќебапите

Published on

Тасим Мандак мајсторот е Кралот на ќебапите кој веќе 40 години живее и работи во Штип. Занаетот кој му ја донесе најголемата титула е всушност признание за човекот кој го осмисли вкусот на најдобрите ќебапи не само во Штип, за многумина и во државата.

Кога, каде и од кого го наследи занаетот ?

Тасим признава дека вкусот го тестирал долги години во комбинација со различни зачини и мешавина на месо од поедини делови на животните.

Ќебапите на Тасим се свежи, сами скокаат по скарата неодоливи се и многу различни од останатите.

Тасим има ќебапчилници на неколку локации во Штип и секаде заклучокот е истиот.

Во својот живот Тасим досега преработил стотици тони месо и милиони ќебапи и секој ден повторно задоволство и предизвик му е што ги прави најдобрите.

Вака скромниот Крал него го прават уште посимпатичен, кој и онака по природа е неверојатно смирен, но пристапен за секого и разговорлив.

Мајстор Тасим изгради бренд со едноставно име Тасе и него го познаваат сега сите генерации во Штип и пошироко. СИте се израснати со неговиот вкус.

Вкусот кој воодушевува не ги остави рамнодушни и оние кои во него видоа можност за добар бизнис, па на стариот мајстор му понудија огромна сума за рецептот.

За разлика од некои други, мајстор Тасе има наследник на оваа извонредна фамилијарна традиција. Рритетниот вкус, сега го нуди неговиот син Елвир Мандак, некогаш голем талент и фудбалер на ФК Брегалница.

Среќата со ќебапите досега си ја пробале безброј ентузијасти, но вкусот на Тасе останува. Магијата што тој во петка или десетка ја послужува останува засекогаш. Мајсторот Тасим е симбол, не смао на најдобриот вкус на ќебапот, туку и еснаф од старите времиња.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...