HomeМакедонијаГордана Силјановска Давкова го зеде уверението за претседател. Од утре почнува да...

Гордана Силјановска Давкова го зеде уверението за претседател. Од утре почнува да тече нејзиниот мандат

Published on

Државната изборна комисија денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од Претседателски избори одржани на 24 април и на 8 мај годинава.

Даштевски на седницата констатираше дека за Претседател е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне.  Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која започнува да тече нејзиниот мандат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...