HomeМакедонијаВМРО ДПМНЕ е апсолутен победник на вчерашните избори. Доби 58 пратеници и...

ВМРО ДПМНЕ е апсолутен победник на вчерашните избори. Доби 58 пратеници и претседател на државата

Published on

ВМРО ДПМНЕ е апсолутен победник на вчерашните парламентарни и претседателски избори. Според ДИК, ВМРО ДМНЕ освои 58 пратенички мандати а потоа следуваат СДСМ со 18 мандати, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 , Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, Левица- шест, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 6 пратеници.

ВМРО ДПМНЕ е победник во пет од шест изборни единици, но убедливо најмногу пратеници  дури 14 освои во нејзината тврдина односно изборната единица број 3. Еве каков е распоред на пратеничките сили по изборни единици.

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има  10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3, Левица, коалицијата Европски фронт на ДУИ и Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија еден пратеник.

Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ  има 9 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 2 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ кој во третата изборна единица оствари историски успех, историски неуспех запиша СДСМ со само 5 пратеници и најлош резултат досега. Кулминација на неуспехот во Штип  помеѓу најголемите партии е соодносот на гласачи од 3 спрема 1.

Така коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има  14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5 , а Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5, Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ – 4 , Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3, Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ има девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 7 , Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ еден пратеник.

Раритетен успех ВМРО ДПМНЕ вгради и во изборот за претседател па така кандидатот Гордана Силјановска Давкова освои над 560.000 гласови.  Нејзината инаугурација треба да се случи најдоцна до 12 мај со што таа ќе стане првата жена претседател на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник  многу студено и снег . До кога ке се задржи студеното време

 Од понеделник доага драстична временска промена која  ке донесе вистински студено време и снег, ...

Протестот во  виничката гимназија Ванчо Прќе од Понеделник ќе продолжи. Градоначалникот Миле Петков не распиша нов конкурс за директор

Протестот во виничката гимназија Ванчо Прќе од Понеделник ќе се реактивира, потврдуваат извои на...

СДСМ:Виница е невидено загадена. Градоначалникот Миле Петоков е неодговорен и неспособен да го реши проблемот

Сведоци сме на досега невиденото загадување низ целата Општина, како последица на несобирањето на...