Со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, на централна прослава во Скопје се одбележа Денот на македонската полиција 7 мај.
На настанот присутвуваа министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. И двајцата изнесоа свои видувања за условите за работа на полицијата и предизвиците на професија, упатувајќи честитки до вработените и нивната посветеност на работата.
Денес МВР е линкот со нашите меѓународни партнери, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни Митко Бојмацалиев.
Во склоп на денешнот одбележување на Денот на Македонската полиција, честитки упатија и од СВР Штип.