HomeМакедонијаИнфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Published on

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, рекреација и култура, ресторани и хотели, разновидни стоки и услуги и здравје од 0,2 до 0,9 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието. Претседателот Јаким Неделков е...

Лефков: ДУИ  се дволични за Балансерот

ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот изјавиа денес...

Цените за децата во градинките во Штип останува иста

Цената на услугите за децата во штипските градинки останува иста, односно родидтелите и понатаму...