За следење на гласањето во вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори, акредитирани се речиси две илјади набљудувачи, преведувачи и странски новинари.
Изборите ќе ги следат 770 странски набљудувачи, за чиишто потреби се ангажирани 85 преведувачи, како и повеќе од илјада домашни набљудувачи. Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи.
Парламентарното собрание на ОБСЕ има 138 набљудувачи, амбасадата на САД 68 набљудувачи, а парламентарното собрание на Советот на Европа 33 набљудувачи за известување од изборите се акредитирани 66 странски новинари.