HomeМакедонијаПред 100 години во Штип би организиран еден од првите синдикални протести...

Пред 100 години во Штип би организиран еден од првите синдикални протести на Балканот

Published on

Пред 100 години во Штип би организиран еден од првите синдикални протести на Балканот

Власта  во тогашните балкански земји  и не помислувала  да  дозволи  работнички протести и било кава форма на  работничко организирање  поради што првиот обид за протест во 1923 година  пропадна веднаш. 

Но, во наредната година во неколку поголеми градови во Македонија  сепак биле одржани првомајски протести Така, и таа 1924 година во Штип, првиот првомајски протест по главните штипски улици поминал без инцициденти и без некаква посебна интервенција на тогашните власти на Кралството на СХС.

Според податоците од Штипскиот музеј, првата синдикална организација била формирана една година порано. Уште во 1923, синдикално-работничкото раководство во Штип веднаш се зафатило со организирање колективни акции против работодавачите и тогашниот систем на своински односи. Тогашната синдикална организација обединила повеќе подружници, па во синдикалните секции влегле шивачите, берберите, чевларите, столарите, пекарите и другите занатетчии. Прв претседател на синдикалната организација бил штипјанецот Тодор Аџи-Томов, а седиштето на организацијата била близу хотелот „Гранд “ во Штип.

Хронолошки, синдикалното живеење во Штип во  најдобри денови било организирано со 133 основни синдикални организации, во кои од вкупно 22.500 вработени во синдикатот членувале 22.000 работници или 95 проценти од вкупно вработените.

Иако синдикализмот во Штип има долга традиција, сепак,  синдикално раководство кое цврсто ке застане зад работницоте  речиси немало. Отпорот траел по само неколку дена  бидејки на синдикалните лидери поважни им беа  личниите интерси и платите . Најуспешни низ историјата во последните 50 години беа штрајковите  во  некогашна Македонка, Напредок, Макпромет  и некои други    фирми од времето на социјализмот. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...