По повод 1ви мај, Меѓународниот ден на трудот, денес до граѓаните се обратија и од двете најголеми политички партии во државата.
Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници. Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година. СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Нека ни е честит Денот на трудот!, стои во прес соопштението од СДСМ
Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија. За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница. Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја. Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски