Две фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати се пуштени во пробна работа на Прочиститлната станица за отпадни води кај селото Мојанци.
Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.
Вкупната вредност на проектот е 447.872 евра, а грантот е во износ од 223.936 евра, односно 50 % од вредноста на проектот. Останатата половина од средствата се кофинасирање од Општина Кочани.