Мајката на 26 годишната Х.Б. која вчера во Штип е пронајдена мртва во својот стан лани извела невиден масакар врз телото на пензионер од Кавадарци.
Според доказите таа жестоко со нож го избола човекот со кого во еден период живеела, а потоа сакајќи да го сокрие злосторството телото го запалила.
Полицијата по извесен период имала проблем со идентификација на убиецот, но сепак мајката на Х.Б. е откриена, а потоа и осудена на затворска казна од 14 години.
Починатата Х.Б. студирала во Штип, а во Кавадарци одела поретко каде имала брат и татко со кого имала проблеми, а пред неколку месеци и физички го нападнала.
Ова укажува на можниот друг момент од нејзиното психичко однесување кое пак веројатно било контролирано со медикаменти.
Засега, ова се само претпоставки, бидејќи резултатите од обдукцијата сеуште не се познати.
Во меѓувреме, од полицијата денес го потврдија случајот со смртта на Х.Б. потврдувајќи ги наводите на ТВ Стар од вчера дека таа е пронајдена почината во изнајмениот стан на улицата кеј Димитар Влахов во Штип.